На 23 декември учениците од осмите одделенија направија прошетка низ Старата скопска чаршија како дел од темата ,,Развојот на граѓанството на Балканот и Македонија" по предметот историја. При тоа ги посетија Даут пашиниот амам, Чифте амам, Куршумли ан и Музејот на Македонија, Сули ан, Капан ан и црквите Свети Димитрија и Свети Спас каде што го посетија и музејот посветен на Гоце Делчев.