Во соработка со Општина Кисела Вода ,Здружение на граѓани за заштита на животна средина,, Еко Логик,, и одделенскиот наставник Тања Петков се одржа работилница на тема ,,Еко општина,,.
Учениците од прво два одделение со наставничката Андријана Спасовска преку лего коцки ја моделираа општината во која сакаат да живеат. Желбата на најмладите е нивната ,,Еко општина,, да биде богата со зеленило, место за излети и дружење, каде би се дружеле сите деца без предрасуди.