Обука на тема „Спречување на насилство меѓу младите и управување со конфликти“

Наставници од нашето училиште, ООУ „Круме Кепескиˮ како дел од проектот „Healthy Meˮ во организација на СУНА Хелти Лајф- Скопје, присуствуваа на обука на тема „Спречување на насилство меѓу младите и управување со конфликтиˮ која се одржуваше во х. Мизо во Охрид од 13 до 15.9.2023 г. За време на активностите имаше презентации, работилници, прашања и одговори. Проектот се состои од три фази и е наменет за поддршка и подобрување на менталната благостојба кај младите, преку решавање проблеми и подобрување на комуникацијата. Идејата на овој проект е да им се помогне на младите да бидат информирани и свесни за значењето на менталното здравје, да се зајакне нивната самодоверба, да развијат почит и разбирање за своите врсници со цел да се спречи врсничкото насилство или булинг.
Наставници кои учествуваа во проектот се:
Анита Матевска – педагог
Лидија Петровска – специјален едукатор и рехабилитатор
Марија Дамчевска Ристевска – наставник по англиски јазик
Ирена Костадинова – одделенски наставник
Маја Саздовска – одделенски наставник
Сузана Ангелова – одделенски наставник
Ирена Павловска – одделенски наставник
Елена Петровски – одделенски наставник

viber image 2023 09 20 18 18 01 565

viber image 2023 09 20 18 18 01 651

viber image 2023 09 20 18 18 01 780

viber image 2023 09 20 18 18 01 847

viber image 2023 09 20 18 18 01 886

viber image 2023 09 20 18 18 01 959

viber image 2023 09 20 18 18 02 019

viber image 2023 09 20 18 18 02 078

viber image 2023 09 20 18 18 02 113

viber image 2023 09 20 18 18 02 171

 

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.