На ден 5.12.2024 година, нашето училиште во соработка со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ од с. Долно Количани, реализираа заеднички активности, на тема: Патроните на училиштата „Круме Кепески“ и „Мустафа Кемал Ататурк“.
Партнер училиштето беше на гости во нашето училиште и на средбата учествуваа по 10 ученици од секое училиште. Во овие активности учество земаа сите наставници од прво до деветто одделение, кои како ментори ги организираа учениците за одредена активност.
Секој од претставниците на училиштата ги презентираше изработките во Power Point презентација, преку кои се запознаа со животот и делата на двајцата патрони, при што беше објаснет секој слајд од страна на учениците водители. Учениците изработија хамери по предметите: англиски, француски јазик и историја за Мустафа Кемал Ататурк и за Круме Кепески.
Одделенска настава од трето, четврто и петто одделение, изработија хамери со песни и литературни творби кои беа прочитани пред гостите. Македонското и турското знаме беа нацртани од учениците прво и второ одделение со кои ги поздравија гостите.
Предметите од природна група: (Математика, Информатика, Географија, Биологија, Природни науки, Физика, Хемија) и Етика –подготвија по 3 прашања од секој предмет кои се поставуваа во квиз на знаење меѓу екипите. На учесниците им беа поделени благодарници.
Учениците од партнер училиштето и од нашето училиште ги отпеаа химните на двете училишта. Потоа нацртаа цртежи на слободна тема кои истите беа залепени на хамери и закачени во холот на училиштето.
Посетата беше збогатена и со учество на спортски активности за машки и женски. Се изведуваа вежби како правилно држење на топка, правилно додавање и фрлање преку мрежа. Во активностите учествуваа и родителите на нашите ученици кои подготвија храна за дочек на гостите како: кифлички, пита, проја, ајвар, баклава, слатки колачи, бомбици (слатки и солени јадења).
Заедничкото дружење го збогатија со слушање и играње песни по желба на учениците. Во активностите учествуваа наставниците одговорни за тимот на МИМО од двете училишта, кои одлично ги искординираа учениците
На крајот си посакавме добро здравје и желба за следна заедничка средба.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОД АКТИВНОСТА НА ОВОЈ ЛИНК, А ПОТОА И ФОТОГРАФИИТЕ